Лазаревски ќе ја претставува Македонија на Светското теквондо ИТФ првенство

Македонија ќе има свој претставник на 20 Светско теквондо ИТФ првенство за сениори, кое ќе се одржи во Пјонгјанг, Северна Кореја од 15-ти до 21 септември 2017 година.

ИТФ теквондо 1

На ова светско првенство Македонија ќе биде претставена преку претседателот на Македонската ИТФ,
Марјанчо Лазаревски црн појас IV дан поранешен светски вицешампион Прага ’96, како делегат на Интернационалната теквондо федерација, информираат од теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ од Лескоец.

Лазаревски ни изјавува дека требало да носи и двајца натпреварувачи на ова светско првенство, но за жал немало авионски билети, за Пјонгјанг, при што поради задолжителното присуство на еден делегат од држава, Бугарската ИТФ теквондо федерација обезбедила еден авионски билет за нашиот претседател.

ИТФ теквондо 2

Како и безброј пати претходно така и овај пат најзаслужен за нашиот рејтинг како федерација и како претставници на држава најзаслужен е генералниот спонзор ПН МЕТА, со што користиме прилика да искажеме најголема благодарност до него, велат од теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ од Лескоец.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk