Законот за јазици стигна на собраниска седница

Главните забелешки на опозициската ВМРО-ДПМНЕ беа што тој носи европско знаме, што според нив е само за да се забрза неговото донесување, иако нема врска со европската агенда и бараат поширока дебата во јавноста за ова законско решение.

Предлог законот за употреба на јазиците денеска е на дневен ред на собраниската седница.

Собрание на РМ

Ова е прво читање на законот, кога по општата расправа пратениците ќе одлучат дали Предлог законот е прифатлив и може да може да се даде на натамошно читање.

Ако Собранието одлучи дека предлогот на законот е прифатлив и може да се даде на натамошно читање се продолжува со законодавната постапка, во второ читање на предлогот, кога и се поднесуваат амандмани.

Предлог законот веќе помина во Комисијата за европски прашања и за политички систем.

Главните забелешки на опозициската ВМРО-ДПМНЕ беа што тој носи европско знаме, што според нив е само за да се забрза неговото донесување, иако нема врска со европската агенда и бараат поширока дебата во јавноста за ова законско решение.

Од владејачката СДСМ пак, тврдат дека законот не задира во унитарноста и дека во Македонија постои политички консензус дека не треба да се менува карактерот на државата, додека пак изјавите за кантонизација или федерализација се само политикантски изјави со кои може да се повтори 27 април.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk