Интернет гигантите да бидат оданочувани врз основа на приходите

Четирите најголеми економии на Еврозоната бараат интернет гигантите да бидат оданочувани врз основа на приходите што ги остваруваат, а не според добивката.

интернет

Со тоа тие сакаат да ги спречат овие компании да ги користат ниските стапки на данок во некои земји членки, објави европскиот портал „Еуробзервер“.

Во заедничкото писмо до естонското претседателство и до Европската комисија, министрите за финансии на Франција, Германија, Италија и Шпанија бараат од Брисел да воведе компензациски данок на приходите на интернет компании, со цел тие да ги плаќаат даноци во земјите каде остваруваат приходи, а не во државата во која се регистрирани.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk