ВМРО-ДПМНЕ: Тилевски за градоначалник, Пецаков носител на советничка листа

На избирачкото ливче, охриѓани, покрај за името на доктор Митко Тилевски ќе може да гласаат и за Јован Стојаноски, професор на ФТУ и координатор на советничката група на СДСМ во градскиот совет, како и за полицаецот Стевче Стевоски, кој е кандидиран како независен кандидат за градоначалник.

Д-р Митко Тилевски е изборот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид за градоначалник на оваа општина. Тој е вработен и поранешен директор на специјалната  болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“. Тилев ќе застане во трката како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, откако актуелниот градоначалник Никола Бакрачески одлучил да не се кандидира за втор мандат како градски татко.

Митко Тилев

Д-р Митко Тилевски ќе биде изборот на ВМРО-ДПМНЕ за Охрид

Д-р Кирил Пецаков, претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид ќе биде предводник на листата на советници на партијата за локалните избори.

Од партијата сѐ уште нема официјална потврда за оваа информација, а се очекува тоа да биде сторено во текот на денот.

Кирил Пецаков

Д-р Кирил Пецаков ќе ја предводи советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ

Локалните избори во сите општини во Македонија се закажани на 15-ти октомври. На избирачкото ливче, охриѓани, покрај за името на доктор Митко Тилевски ќе може да гласаат и за Јован Стојаноски, професор на ФТУ и координатор на советничката група на СДСМ во градскиот совет, како и за полицаецот Стевче Стевоски, кој е кандидиран како независен кандидат за градоначалник.

кандидати

Кандидатите за градоначалник на Охрид: Тилев, Стојаноски и Стевоски

Во Охрид, покрај за советници и градоначалник, на денот на изборите граѓаните ќе гласаат и на референдум за прашањето: „Дали сте за или против населување на мигранти на подрачјето на општина Охрид?“

ОХРИД 24                                                                                                                                      П.Д.

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk