МИА ќе дава бесплатни информации за порталите до крајот на изборите

Од Советот за етика ги повикаа медиумите кои не ја потпишале повелбата за етичко известување, да го сторат тоа што побрзо.

Бесплатен пристап до информациите на порталите и на другите медиуми во следните три месеци до завршувањето на изборите ќе овозможи МИА, изјави првиот човек на Агенцијата, Драган Антоновски.

Антоновски

прес на Драган Антоновски, директор на МИА, фото: МРТ

Посочи дека медиумите се обврзани да постапуваат според Кодексот на новинарите на ЗНМ, на крајот на веста да го цитираат изворот МИА и да не ги вадат вестите од контекст.

Од Советот за етика ги повикаа медиумите кои не ја потпишале повелбата за етичко известување, да го сторат тоа што побрзо.

Иницијативата на МИА е поддржана од Здружението на новинарите. Ова е начин да се искристатилизираат сами натрапниците во професијата, вели претседателот на ЗНМ, Селмани.

Селмани потврди дека ЗНМ останува на идејата да се формира правилник при СЕММ за порталите што ќе подразбира да се потпишуваат авторите, да има Импресум и да може да се прават исправки.

ОХРИД 24                                                                                                                        извор: МРТ

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk