ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да се огради од коментарите на Константин Георгиески

ВМРО-ДПМНЕ со изнена­деност ја прими  инфо­рмацијата за јавно искажаните коментари на Фејсбук профилот во соптвеност на Кон­стантин Георгиески, носител на советничката листа на СДС, каде што тој не одбира зборови со кои јавно се изразу­ва на највулгарен на­чин. Дотолку повеќе што граѓаните покрај на медиумите, сами ги чи­таа овие вулгарности на неговиот профил, се вели во соопштението испратено од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

штаб-ВМРО-ДПМНЕ

„Ја повикуваме СДС ја­вно да се огради од неговите испади и да им се извини на гра­ѓаните за ваквите на­јблаго кажано – испади на носителот на нив­ната листа, со кои тој врши досега невид­ено омаловажување на јавно кажаниот збор од политичар, врши недозволива естрадиз­ација на јавноста и целосна девалвација на функцијата советник“, велат од партијата.

Оттаму изразуваат надеж дека „серијалот вакви испади ќе заврши и партијата СДС ќе најде начин да го исконтролира овој очи­гледно неконтролиран процес на сеење вул­гарности од најниско ниво во јавноста“.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk