Николески: Изградба на четири нови спортски сали во училиштата

Како што додаде, ќе им се помогне и на младите средношколци во изборот на нивната идна професија. 

Наша најзначајна мисија е да го вратиме достоинството во образованието, да создадеме услови за соодветна професионална наобразба на наставниот кадар. Посветени сме на создавање на адекватна инфраструктура, ги обновуваме училниците и тоалетите, рече Ристо Николески, кандидат за советник од СДСМ на локалните избори во Охрид.

Тој посочи дека СДСМ планира изградба на четири нови спортски сали во рамки на основните училишта „Ванчо Николески“ во Лескоец, „Кочо Рацин“, „Братство Единство“ како и средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“.

Николески

„Работиме на создавање на позитивна клима во која наставникот ќе биде мотивиран да даде повеќе, а ученикот да научи повеќе. Затоа организираме семинари за наставниот кадар за тоа како да се мотивираат учениците, како да се работи во групи, да се развиваат дебати. Организираме редовна настава во природа. Работиме во сегашноста за да ја создадеме иднината. Токму поради тоа, предвидена е додатна настава за талентирани ученици за развој на нивните вештини. Во охридската гимназија, поткровјето го приспособуваме за современа настава во кабинети, лаборатории и читални“, рече Николески.

Како што додаде, ќе им се помогне и на младите средношколци во изборот на нивната идна професија. Ќе бидат создадени советувалиште за академско и професионално образование, а ќе се доделат и бизнис стипендии за учениците, преку воспоставување врска помеѓу бизнис секторот и стручните училишта.

„Креираме советувалиште каде што ќе се покрене широка кампања за намалување на толеранцијата на насилство. Предвидуваме изградба на регионален центар за обука на наставен кадар во соработка со Министерството за образование во училиштето во с.Трпејца. Во основното училиште „Св.Климент Охридски“ креираме училиште од меѓународен отворен карактер. За да го зачуваме здравјето на учениците, отвораме кантина во рамките на училиштата во која би се подготвувале здрави оброци“, изјави Николески.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk