Шведското шестчасовно работно време засега е „скапа работа“

„Тоа е врзано со високите трошоци. Генерално, премногу е скапо да се скрати работното време“, вели Даниел Бернар, локален политичар од левата страна на политичкиот спектар.

Експериментот за скратено работно време кој две години се спроведуваше во јавниот сектор во Гетеборг во Шведска се покажа добар за вработените, но скап за државата.

%d0%b4%d0%be%d0%bc-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d1%82%d0%b0%d1%80%d0%b8

Тестирањето на шестчасовниот работен ден веројатно ќе пропадне откако првичните резултати покажале дека трошоците се поголеми од придобивките.

Двегодишниот пилот проект меѓу медицинските сестри во шведскиот град Гетеборг покажал дека шестчасовното работно време ги направило работниците поздрави и ги намалило боледувањата, а во однос на тоа, зголемена била и грижата за пациентите.

Меѓутоа, сè заедно, чини премногу скапо. Токму оваа последна ставка би можела да биде кобна за целиот концепт на шестчасовното работно време. Накратко, овој експеримент покажал дека цената ги надминува предностите кои се остварени при овој пилот проект.

Пилот проектот се однесувал на 68 медицински сестри во еден дом за старци во Гетеборг. Со намаленото работно време вработените биле позадоволни, поздрави, а и грижата за пациентите била подобра.

Сепак, градот морал да вработи дополнителни 17 лица, а тоа чинело повеќе од милион и пол евра, објавил Bloomberg. Градот сега одлучил да не продолжува со експериментот, бидејќи се плаши дека трошоците би можеле да излезат од контрола.

„Тоа е врзано со високите трошоци. Генерално, премногу е скапо да се скрати работното време“, вели Даниел Бернар, локален политичар од левата страна на политичкиот спектар.

Сепак, тој вели дека и натаму верува во постепеното намалување на бројот на работните часови. Тој смета дека државата е сè побогата, па ќе може во иднина да си дозволи нешто такво.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk