Манчев: СДС демонстрира лажно душегрижништво за езерото

СДС демонстрира лажно душегрижништво за природните богатства, водата, квалитетот на воздухот и животната средина. Зборот бил збор!? Ние, уште еднаш укажуваме дека никој нема право да ги злоупотребува природните богатства на Охрид за да прикрива неодговорни политики, рече на денешниот прес Димитар Манчев, кандидат за советник во Општина Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

меморандум 5

„На прес-конференција одржана на 3 февруари 2017, актуелната пратеничка од СДС Жаклина Лазаревска, во име на партијата на новинарско прашање, што би правеле тие ако се на власт и ако нивото на езерото е на ниско ниво одговори: Ние одма би реагирале! И самите ние да дојдеме до езерово ќе видиме до каде и ќе кажиме доста е, како треба да се однесуваме? Никако не смее да се допушти падот под нивото законско на водата – рече Лазареска. Денес за нивото на езерото молчат сите кои тогаш беа најгласни“, изјави Манчев.

Според него, невладиниот сектор полека, но се претворал во службеници во владата, а пратениците во јавноста повеќе не се појавувале на еколошки теми, млади и сиромаштија, туку со стотиците илјади денари, кои ги зеле од државата како патни трошоци и трошоци за одвоен живот.

Манчев рече дека поради целосната негрижа, неспособноста и неодговорност на СДС граѓаните на Охрид на овие локални избори на 15-ти октомври ќе им пресудат и ќе го казнат нивното расипничко владеење.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk