Тилевски: Велосипедска патека од Охрид до Св. Стефан и пешачка од пристаниште до Канео и Лабино

Во стариот дел на Охрид ќе се изврши реконструкција и изградба на потпорни ѕидови и улици, како и на пешачката патека од Саат кула до ОУ „Свети Климент Охридски“.

Охрид заслужува да свети во полниот негов сјај. Охриѓани и туристите заслужуваат нови места за рекреација на современ и модерен начин.

Тилевски 1

„Уредувањето на зелените површини во корелација со подигнување на свеста за зачувување и одржување на јавните паркови и зеленила, резултираат со формирање на пријатни катчиња за одмор и релаксација на граѓаните и туристите од сите возрасни групи. Со уредување на нови и одржувањето на постојните паркови придонесуваме за поубав и позелен лик на градот“, рече Тилевски.

Тој додаде дека во функција на обезбедување подобри услови за економски одржлив развој и инвестиции, а истовремено заштита и унапредување на животната средина, активностите ќе бидат насочени кон реализирање на неколку проекти, а како прв го спомена проектот за изградба на велосипедска патека од Охрид до Свети Стефан.

„Со проектот ќе се овозможи безбедно движење на велосипедистите на потегот од излезот од градот до туристичката населба „Свети Стефан“ (подоцна со изработка на проект ќе се утврди можноста оваа патека во втора фаза да биде изградена до Пештани). Со оваа патека, охриѓани и гостите ќе имаат можност да го користат своето време активно, практикувајќи здрави навики за возење велосипед. Оваа мерка е во корелација со мерката за субвенционирање на купување на велоспидед“, рече Тилевски.

Најави и изградба на патека од пристаниште до Канео и Лабино, која ќе биде ново обележје на Охрид и нова можност за рекреација. Со изградбата на оваа патека, рече тој, ќе се реконструкциат и бедемските ѕидови над плажа Лабино, ќе се завршат бедемските ѕидови и патека од источната страна на Тврдината и изградба на пешачка патека околу целиот комплекс.

Во стариот дел на Охрид ќе се изврши реконструкција и изградба на потпорни ѕидови и улици, како и на пешачката патека од Саат кула до ОУ „Свети Климент Охридски“.

Предвидена е и зградба на Центар за спортови на вода, како и на авантуристички (адреналински) паркови.

„Со овој проект на посебно избрани локации ќе се изградат повеќе авантуристички (адреналински0 паркови кои по примерот на развиените туристички дестинации во светот предвидува поставување опрема и реквизити за забава на посетителите од сите категории (zipline, ferata, висечки скали и патеки, качувачки карпи и сл.) и тоа амбиентално вметнати во самата локација и природа без да се нарушува автентичниот изглед“, рече Тилевски.

Тој најави и изградба на вежбалиште за голф.

„Тоа ќе служи за учење и усовршување на голф-техниките како неопходен чекор за совладување на основните правила и техники на голфот, како и место за рекреација на голем број граѓани и туристи. Локацијата ќе биде партерно уредено место и на неа ќе бидат поставени позиции и реквизити за учење и усовршување на голфот. Теренот ќе има свое кафуле и снек-бар како и продавница за голф-реквизити“, додаде кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk