Вечерва пред охридската публика ќе се прикаже филмот „Тони Ердман“

Во рамките на Фестивалот на новиот германски филм, во Охрид вечерва ќе се прикаже трагикомедијата „Тони Ердман“, германски кандидат за Оскар во категоријата „филм од неанглиско говорно подрачје“.

Тони Ердман

Филмот е под режисерската палка на Марен Аде, а играат актерите Сандра Хилер, Петер Симонишек, Михаел Витенборн.

Почетокот на проекцијата е во 20 часот, а влезот за сите посетители е бесплатен.

Инаку, во рамките на Фестивалот на новиот германски филм, во Охрид ќе бидат прикажани и филмовите: „Авантурата на Нели“ (детски филм) на 09.10.2017 година со почеток во 13:00 часот, „На иста висина“ (филм за деца и младинци) на 10.10.2017 година со почеток во 13:00 часот, „Херберт“ (драма) на 09.10.2017 година со почеток во 20:00 часот и „24 недели“ (драма) на 10.10.2017 година со почеток во 20:00 часот

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk