Тилевски: Барам поддршка за да ја продолжиме работата за Охрид

„Подаваме рака на сите. Никогаш нема да се дистанцираме од народот. Рамо до рамо со Вас да ги зацврстиме меѓусебните врски на почит и разбирање“, рече канидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ на синоќешниот митинг во Велгошти

Не е случајно што ВМРО-ДПМНЕ, секогаш во центарот на збиднувањата го поставува Велгошти. Тоа е така бидејќи токму на ова место се родиле и дејствувале голем број национални херои што дале огромен придонес кон зачувување на македонштината. ВМРО-ДПМНЕ како верен следбеник на таа идеологија секогаш оддава почит кон нив, но и дава можност за новите херои, рече на синоќешниот митинг во Велгошти, кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Митко Тилевски.

Притоа додаде дека секој во себе го носи македонскиот ген кој нема да дозволи ништо други освен продолжување на заветот што го оставиле нашите предци.

Велгошти митинг 2

„Вие сте стожерот на секоја изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа вечерва, дојдов овде, со чист образ и Вашата поддршка, да ја продолжиме работата што пред четири години ја започнавме. Да продолжиме со работа за Македонија, за Охрид, за Вас. Да продолжиме онаму каде што застанавме, да продолжиме со асфалтирањето на улиците, со реконструкција на знајачни објекти за вас, со поддршката на културните манифестации, да продолжиме да го развиваме Велгошти во соработка со Вас, со реализирање на Вашите идеи. И покрај лошата ситуација што Локалната самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја затекна, успеа да реализира асфалтирање и поплочување на улички, финансиско материјална поддршка на фудбалскиот турнир и културните збиднувања во Велгошти, реконструкција на ОУ „Живко Чинго“, отворање на градинка, а започна и реконструкцијата на Домот“, истакна Тилевски, додавајќи дека во неговата програма се предвидени проекти што се приоритетни за жителите на Велгошти.

Тој исткана дека новата локална власт што тој ќе ја предводи, нема да остане само на тоа, туку во консултација со граѓаните ќе реализира проекти кои токму тие ќе ги потенцираат како приоритетни.

Велгошти митинг

„Во новата Локална самоуправа ќе препознаете партнер со кој што ќе може да се најдат решенија за вашите потреби. Отворени за соработка и транспарентни, тоа е моето мото што го практикувам во целата моја работна кариера. Широката консултација со луѓето е моја практика. Подаваме рака на сите. Никогаш нема да се дистанцираме од народот. Рамо до рамо со Вас да ги зацврстиме меѓусебните врски на почит и разбирање. Во вашите срца да има запечатеност на достоинство, посветеност и жртва. Позитивна порака нека ечи. Гордо одиме напред“, рече Тилевски пред велгоштани.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk