ВМРО-ДПМНЕ Дебрца: Како Ногачески ќе се грижи за општината, а покривот на куќата му е распаднат?

Кандидатот за градоначалник од СДС кој е завземен од небулозната теорија дека има капацитет да ја води општината, од ден во ден се повеќе не убедува во спротивното. Како ќе донесе живот во Општина Дебрца, кога тргнувајќи од тоа како се грижи за сопстениот дом, повеќе од сигурно е дека таков човек не и треба на Општина Дебрца, велат од ОИШ на ВМРО-ДПМНЕ од Дебрца.

кров

„Ногачески само ги замајува граѓаните на Дебрца со неговите лаги, немајќи конкретна програма со рокови и проекти, ветува дека ќе протече мед и млеко во Дебрца, мислејќи дека колку поголемо лажно ветување ќе даде, толку повеќе ќе ги убеди граѓаните. Граѓаните многу добро знаат кој работи, кој реализира проекти, кој остава дела позади себе, а на луѓето како Ногачески кои користат само излитени фрази, времето им е поодамна изминато“, се вели во соопштението.

Од ОИШ Дебрца прашуваат и како може да му се верува на човекот кој ќе донесел живот борејќи се за Општина Дебрца, како ќе се грижи за Општина Дебрца, кога кровот на неговиот дом е тотално распаднат, покажувајќи каков „домаќин” е тој всушност, а сето тоа можете да го видите од фотографиите.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk