Трајкоски на средба со претставници од организацијата на борците од НОВ

Кандидатот за градоначалник на Општина Дебрца од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Игор Трајкоски денеска оствари средба со претставници на организацијата на борците од НОВ и подржувачи на традициите и со здружението „Мобилност“ во Охрид.

пензионери 1

На средбата претседателот на боречката организација, Гоце Георгиески искажа благодарност кон градоначалникот Трајкоски, за сите досегашни заеднички реализирани проекти во Општина Дебрца, од аспект на чувањето на спомен обележјата од НОВ и ПОМ, како и одбележувањето на годишнини од историско значење за македонската државност.

пензионери 1

Кандидатот Трајкоски, пред приосутните на средбата, исто така, зборуваше за реализираните и планирани проекти. Рече дека во неговиот нов мандат нема да има село и улица во цела Дебрца, без асфалт, село без вовдовод, се уредуваат плоштади, а најави и уредување на месноста „Сини Вирој“, измеѓу селата Белчишта и Ново село, како атракција од светски карактер, за што е изработен проект за добивање на средства преку ИПА-европските фондови. За исти и слични прашања, беше разговарано и со Венко Голабоски, претседател на здружениот „Мобилност” од Охрид.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk