ФОТО: И на сред кампања може да има „срдечни прегратки“

Нецели 15 минути ги делеа кандидатите од советничките листи на најголемите партии во Охрид: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од нивните прес конференции кои денес беа закажани на истото место, на плоштадот кај стариот Чинар.

Стојаноски-Пецаков

На паузата меѓу двете прес конференции, двата табора се сретнаа кај фонтаната на плоштадот кај Чинарот и културно се поздравија, а на една фотографија која ја сними нашиот објектив може да се види прегратка меѓу д-р Кирил Пецаков, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, проф. д-р Јован Стојаноски.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk