„Златна петорка“ освои Гран при за најдобар игран филм во Америка

На есенското издание на 36. Интернационален филмски фестивал во Њу Џерси македонскиот долгометражен игран филм „Златна петорка“, во режија на Горан Тренчовски, освои Гран при за најдобар игран филм.

Њу Џерси награда

Претходно филмот го вреднуваше 15 члена комисија составена од академици, професионалци и новинари, кои од вкупно 377 наслови од целиот свет го вброија меѓу 17 финалисти.

Вчера, пак, по завршувањето на натпреварувачката програма, организаторите официјално ја соопштија конечната одлука за наградените.

Со ова, филмот ја доби седмата меѓународна награда на филмските фестивали.

Филмската дистрибуција на „Златна петорка“ продолжува и понатаму, како на странските фестивали така и во киномрежата низ Македонија.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk