Трајкоски рече дека во Дебрца е направено најмногу во неговиот мандат

Низ изминативе четири години јас како градоначалник на Општина Дебрца успеав да го одржам дадениот збор. Она што го ветив да го исполнам, но не само тоа, туку се трудев и тековно работев вон мојата изборна програма се со цел што повеќе жители на Дебрца да бидат задоволни. Потребата за помош не познава никаква поделба, а потребата за реализирање на проекти го зголемува бројот на жителите кои ја прикажуваат довербата кон мене и ВМРО ДПМНЕ, изјави денеска Игор Трајкоски, кандидат за градоначалник на Општина Дебрца од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Трајкоски

„Сите знаат дека во Дебрца никогаш не било повеќе направено отколку изминативе четири години. Тоа укажува на нашата сериозност во спроведување на даден збор. Мојата сериозност за кандидирање на втор градоначалнички мандат укажува на фактот дека темпото со кое се работи во Дебрца мора да има постојан континуитет. Тоа е остварливо доколку со вашата доверба заеднички го спроведиме тој континуитет на различни сфери во општото делување. Дебрца ја направивме препознатлива, медиумски експонирана, општина со најмногу спроведени проекти, со целосно реализирана изборна програма“, рече Трајкоски.

Според него, токму ваквите факти потврдувале дека вториот мандат ќе биде градација на што повеќе исполнување на потребите на граѓаните.

„Нашето ново мото секогаш работа е всушност наша досегашна пракса. Затоа никој повеќе во Дебрца не се сомнева дека жителите ќе ја дадат довербата за број 13, бидејќи со заокружување на овој број се заокружува за реализација на секој потребен потфат, онака како што доликува на сериозна политичка партија и сериозен градоначалник, ветено, реализирано и отчетно“, додаде кандидатот за градоначалник на Дебрца Игор Трајкоски.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk