Во Собранието ќе биде врачена државната награда „11 Октомври“

Во Собранието на Република Македонија денеска напладне ќе биде врачена државната награда „11 Октомври“ за 2017 година.

Собрание

Годинашни добитници на наградата за животно дело се музичкиот уметник Влатко Стефановски во областа на културата и уметноста, и историчарот, проф. д-р Амет Шериф – во областа на науката и образованието.

„11 Октомври“ е највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

Одбор составен од претседател и 12 члена распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата. „11 Октомври“ првпат е доделена во 1959 година.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk