Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на востанието во Македонија

Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска упатија честитка по повод 11 Октомври – Ден на народното востание во Македонија.

„Денеска е 11 Октомври , а пред 76 години овој ден значел почеток на народноослободителната борба на македонскиот народ за време на Втората светска војна. Овој ден е пресвртница во борбата за самобитност и национална индивидуалност на нашиот народ, во неговата борба за слобода, за национални и социјални права, за сопствената државност.

штаб-ВМРО-ДПМНЕ

Оруженото востание, започнато на 11 октомври 1941 година, претставува исклучително значаен историски чин во долготрајната народноослободителна борба на македонскиот народ. И денес, 11 Октомври останува да биде празнуван и славен како почеток на востанието на македонскиот народ против фашистичката агресија. Овој датум треба да остане симбол кој го одбележува антифашизмот, борбата за национална слобода и борба за обединување.

Овој ден докажува како се сака татковината, се сеќаваме на паднатите борци кои прерано ги загубија своите животи како залог за татковината, а кои оставија аманет да ја сакаме и чуваме, зашто таа е сѐ што имаме
Нека ни е среќен и вековит овој ден“, се вели во честитката по повод денешниот празник, испратена од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk