ХВА РАНГ ИТФ од Лескоец ќе учествува на турнир во Велење, Словенија

По успешната жетва на медали на турнирот во Добој, Босна и Херцеговина, теквондистите од клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид, претстојниот викенд ќе учествуваат на меѓународен теквондо ИТФ „А класа“ турнир „Словенија опен 2017“, кој ќе се одржи во Велење, Република Словенија. Турнирот претставува еден од најреномираните во Југоисточна Европа.

теквондисти 5

Под водство на Марјанчо Лазаревски, натпреварувачите на ХВА РАНГ ИТФ, во скратен состав, ќе ги одмерат силите во две дисциплини: спаринг-борби поединечно и форми поединечно.

Се надеваме дека и овај пат нашите момци и девојки ќе нѐ престават во најубаво издание и ќе нѐ направат да се чувствуваме горди. Ја користиме приликата да му се заблагодариме и на нашиот генерален спонзор ПН Метал, кој и овојпат е најзаслужен за нашето учество на овој турнир“, вели Марјанчо Лазаревски, тренер во ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk