Стефаноска: Дали Стојаноски планира да брка вработени за да прими нови?

Таа упати прашање до кандидатот за градоначалник од СДСМ дали тој планира да брка дел од вработените од работа за да ослободи место и да прими нови (што законски исто така не може да го направи бидејќи вработените имаат решенија за работа) или упорно ги лажел оние на кои тоа им го ветувал и со лага се обидувал да го добие нивниот глас.

СДС се прочитана приказна и мора да разберат дека празната реторика, лагите и манипулациите нема да ги решат проблемите на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ го прашува кандидатот Јован Стојаноски за неговите ветувања за вработувања, функции, бизниси, маркици, и други привилегии со кои се расфрла по градот и ги лаже граѓаните и членовите на СДС, ова го изјави на денешната прес конференција д-р Снежана Стефаноска, кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Стефаноска

„Дали Јован Стојаноски знае дека вработувањата во охридската Пожарна кои ги ветува низ цел град, а најмногу во Велгошти нема да може да ги реализира бидејќи за тоа постои законска препрека. Во Пожарната во Охрид целосно е исполнет дозволениот законски број на вработени и во никој случај не ќе може да има нови вработувања. Единствено е можно да се вработи некој само ако има лице кое исполнило законски услови за пензија или некој да биде отпуштен од работа“, рече Стефаноска.

Таа упати прашање до Стојаноски дали тој планира да брка дел од вработените од работа за да ослободи место и да прими нови (што законски исто така не може да го направи бидејќи вработените имаат решенија за работа) или упорно ги лажел оние на кои тоа им го ветувал и со лага се обидувал да го добие нивниот глас.

„На колку луѓе Јован Стојаноки им го ветил раководното место Раководител на ТЛЕР? Кои се тие тројца?Дали Јован Стојаноски може да одговори која структура од раководството на поранешниот градоначалник Алескандар Петрески планира да ја врати на позиции? Кои луѓе од времето на мракот, хаосот, грабежот и безредието Јован Стојаноски планира да ги устоличи на раководни места, но и кои состојби во Охрид ветил дека ќе ги врати назад?И за крај, може ли Јован Стојаноски да одговори: Дали ќе ги даде паркинзите повторно на приватни фирми, и на кои фирми ги има ветено? Која е фирмата на која `и е ветено дека ќе ги фарба улиците, поточно пешачките премини и ќе поставува сообраќајни знаци и каде треба и каде не треба за да го празни градскиот буџет“, праша Стефаноска.

Според неа, ова е фијаско кое СДСМ го прават на нивен грб и едно зборуваат, а друго прават. Додаде дека таквата превртливост не заслужува доверба туку казна, а казната ќе ги стигнела и ќе била испорачана од охриѓани на 15 октомври.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk