СВР Охрид упати честитка по повод 11 Октомври

„Посветено работиме на изградба на стабилен безбедносен систем и зацврстување на нашите демократски и професионални капацитети со што ја јакнеме Република Македонија како модерна, безбедна и европска држава“, се вели во честитката на СВР Охрид.

По повод 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ и 76 годишнината од антифашистичката народно-ослободителна војна, од Секторот за внатрешни работи Охрид до сите граѓани упатуваат искрени честитки за среќен и долговечен празник.

мк знаме

„Оддавајќи должна почит кон слободарските традиции на македонскиот народ и на македонските поборници за слобода и мир, како демократска институција, доследно продолжуваме кон законско, етичкото и професионално решавање на безбедносни предизвици.
Неуморно продолжуваме со нашата мисија за заштитата и унапредување на човековите права и слободи, со бескомпромисната борба со сите видови и форми на криминалитет. Применуваме современи форми за проактивен и транспарентен концепт за соработка со граѓаните и нивни вистински сервис.
Посветено работиме на изградба на стабилен безбедносен систем и зацврстување на нашите демократски и професионални капацитети со што ја јакнеме Република Македонија како модерна, безбедна и европска држава“, се вели во честитката на СВР Охрид.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk