ВМРО-ДПМНЕ до Стојаноски: СДС ги направи јавните претпријатија загубари

Денешната прес-конференција на СДС и Јован Стојаноски е практично создавање алиби со кое сакаат да се исперат за с`е она што им го направија на охраѓани. СДС денеска несвесно јавно призна како тие требало да ја водат Општината кога имале можност, но наспроти тоа знаеме дека СДС беше до гуша во криминали и ја задолжи Општината и јавните претпријатија со што ги направи загубари, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешниот прес на кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ, проф. д-р Јован Стојаноски.

штаб-ВМРО-ДПМНЕ

„Недомаќинското работење, неуслужна општина, контуинираната злупотреба како и ставањето на партиските и лични интереси пред интересите на граѓаните ги доведе јавните претпријатија до пропаст. Охрид е градот кој најмногу пропати од политиките на СДС кои значеа затворање на фабрики, технолошки вишоци и бркање луѓе на улица без работа токму од јавните претпријатија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Охриѓани, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, многу добро знаат дека јавните претпријатија ги користевте како партиски инструмент.

„Исто така како што знаат дека за ВМРО-ДПМНЕ е од витално значење нивното функционирање, впрочем тоа сме го покажале во многу наврати наназад со нивното раздолжување и нивно ангажирање за потребите на Локалната самоуправа, а за кои потреби во минатото се ангажирале приватни фирми. Карактеристика ваша е тоа што управните и надзорните одбори ги користевте за во нив да се сместуваат шест или седум семејства кои контролираа с`е во Охрид. Ваквото практикување на локалната власт и локалните јавни претпријатија и институциите, охриѓани убедливо го испратија во историјата одамна“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата го прашуваат Стојаноски и неговата партија со кој образ си дозволуваат повторно да застанат пред охриѓани и да ја бараат нивната поддршка.

Не го потсетувајте овој народ на маката која му ја нанесовте! Охрид еднаш Ве казни за неправдата која му ја наметнавте, и бидете сигурни дека ќе Ве казни повторно на 15 октомври, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ во нивната реакција.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk