Трајкоски: Совеста ми е чиста, ја барам довербата за следните четири години

Како што рече, доволно е да се спореди развојот на Општина Дебрца и прогресот кој е направен за само четири години за разлика од претходните 16 кога со општината владееле СДСМ.

 

Ние знаеме како треба да се однесуваме кон Дебрца, бидејќи самата општина по себе е специфична и бара соодветни проекти кои секогаш гледавме да ги реализираме по примарност. Ние знаеме како да ги спроведеме потребните проекти во наредните четири години бидејќи сме веќе многу чекори пред нашите опоненти и сигурни сме дека таа предност секогаш ќе ја имаме.

Дебрца митинг 1

Ова синоќа од Домот на култура во Мешеишта го истакна Игор Трајкоски, кандидат за градоначалник на Општина Дебрца, на централниот митинг што се одржа во рамките на неговата изборна кампања.

Дебрца митинг 3

„Денес после изминати само четири години стојам повторно пред вас, со таа разлика што мојата совест е чиста поради оправданата доверба. Но, тука нема да се застане, секогаш може повеќе и секогаш може подобро, но тоа се остварува секогаш со работа“, истакна Трајкоски, посочувајќи дека токму работата е она што ги отсликува и разликува од нивните опоненти.

Дебрца митинг 4

Како што рече, доволно е да се спореди развојот на Општина Дебрца и прогресот кој е направен за само четири години за разлика од претходните 16 кога со општината владееле СДСМ.

На настанот обраќање имаше и носителот на листата за советници Моника Мацеска која рече дека како млад човек и претседател на Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ секогаш ќе се бори и ќе ги застапува интересите на младите.

Дебрца митинг 2

„За таа цел, заедно со нашиот најголем поддржувач, кандидатот за градоначалник на општина Дебрца, г-дин Игор Трајкоски предвидовме многу проекти за млади. Затоа вечерва, токму од ова место порачувам: ВМРО – ДПМНЕ е единствената македонска политичка партија која секогаш го застапува интересот на народот, која секогаш држи до своите ветувања и која секогаш нуди сериозни и изградени личности кои имаат јасна цел и визија за континуитет во развојот на Дебрца“, рече Мацеска, додавајќи дека нивната посветена работа и дела се најдобар доказ за тоа.

Дебрца митинг 5

Свое обраќање на синоќешниот централен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Дебрца имаше и пратеникот во македонското собрание Антонио Милошоски.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk