СДСМ обвинува дека од ВМРО-ДПМНЕ ги вработиле своите најблиски во институциите

Добро е што во ДПМНЕ во Охрид веќе сфатиле дека Јован Стојаноски ќе биде следниот градоначалник, па сега се прашуваат кои и какви раководители ќе поставел во локалната самоуправа. Но, да ја потсетиме охридската јавност кои и какви раководители постави оваа локална самоуправа, предводена од ДПМНЕ, реагираат од СДСМ на вчерашното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ во кое партијата бараше одговори од кандидатот за градоначалник на СДСМ за тоа дали планира да брка вработени луѓе, со цел да стави нови на нивно место.

СДСМ Охрид

„Токму во Секторот за туризам и локален економски развој, заменик раководител е сопругата на секретарот на општината, доскорешна директорка на ЈП „Охридски комуналец“ беше вујната на градоначалникот. Бакрачески во општинската администрација си вработи двајца свои братучеди, за директор на МЈП „Проаква“ се постави истиот човек што пред 15 години го направи најголемиот долг во ова јавно претпријатие“, реагираат од СДСМ.

Од партијата велат дека и во државните институции функционерите од ВМРО-ДПМНЕ си ги вдомиле своите најблиски.

„Снаата на градоначалникот-во МВР, братот од градоначалникот, директор на Телеком, сопругата од еден од доскорешните претседатели на општинскиот комитет-во централен регистар, а синот во МВР, каде воедно се вработи и синот на пратеникот и доскорешен директор на Општа болница“, се додава во партиската реакција.

Од СДСМ прашуваат и зошто двајцата пратеници од Охрид на ВМРО-ДПМНЕ не се појавувале на оваа кампања.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk