Демиров: Атмосферска канализација на „Сатеска“ и замена на старото осветлување

Мои сограѓани, oвие луѓе зад мене гарантираат живот за сите во Охрид. Ние цврсто стоиме на тоа. Наша заедничка цел е од Охрид да направиме општина за сите, општина во која сите граѓани се еднакви, општина во која сите имаат исти можности да успеат во животот. Токму затоа создаваме отворена и услужна општина за сите. Работиме на подобрување на условите за живот на сите граѓани. Ова го порача денеска Беким Демиров, кандидат за советник од СДСМ во новиот градски совет.

Демиров

„Со тоа веќе започна Владата на Република Македонија, која е наш партнер и пријател. Новата влада е одлучна во намерата парите да се вратат кај граѓаните, а таа определба започна со зголемувањето на минималната плата, укинувањето на радиодифузната такса, воведувањето на ефтината тарифа на струјата. Тоа се пари кои граѓаните ги заштедуваат, тоа се пари кои остануваат во џепот на граѓанинот. Младите ги задржуваме тука. Овозможуваме поддршка во изборот на нивната професија, обезбедуваме можности за практична работа во соработка со локалните фирми. Бараме од сите фирми кои добиле општински средства, да гарантираат дека ќе обезбедат практична работа за млади во нивните фирми“, рече Демиров.

Тој додаде дека ќе се обезбеди инфраструктура за сите.

„Ја довршуваме атмосферската канализација на улицата Сатеска, го менуваме старото осветлување со ново. Оваа урбана заедница хортикултурно ја уредуваме, поставуваме тротоари каде што ги нема. Ги подобруваме и условите во ОУ „Св.Климент Охридски“ во населба Далјан со изградба на спортска сала и реконструкција на тоалетите во училиштето. Ги затвораме и бајпасите на колекторот пред игралиштето во Воска“, посочи Демиров.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk