Веро Џамбо ќе гради шопинг центар од 10.000 квадрати во Охрид

Договорот со Веро Џамбо ќе биде потпишан во текот на утрешниот ден од страна на инвеститорот на автобуската станица во Охрид, фирмата Делфина турс.

Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески денеска изврши увид на градежните работи кои започнаа да се извршуваат за време на неговиот мандат.

увид Бакрачески 3

Од просторот каде моментално се гради затворениот зелен пазар, Бакрачески истакна дека градежните работи за пазарот се во полн ек. Завршени се основните работи, темелењето на објектот, катните гаражи, карабинскиот дел е веќе изграден и објектот е веќе издигнат.

увид Бакрачески 4

„Она што посебно мене ме радува е дека градбата напредува со полн интензитет што дава надеж дека во предвиденото време кое е дадено за градба, сметаме дека ќе заврши и со тоа го исполнуваме нашето ветување, дека по обемните административни постапки, дојдовме да го реализираме во пракса и она што е многу важно градот во овој објект не добива само затворен зелен пазар, туку и еден шопинг центар, добива најважното катна гаража“, рече Бакрачески.

Инаку, во овој обект од затворениот градски пазар, ќе има катна гаража со простор од 100 возила, што на некој начин ќе претставува најголемиот паркинг простор во централното градско подрачје.

Бакрачески ја посети и изградбата на градската автобуска станица, објект, за кој рече дека ќе добие современ изглед.

увид Бакрачески 1

„Според информацијата која ја добив од инвеститорите на градбата на автобуската станица, во текот на утрешниот ден тие потпишуваат договр со Веро Џамбо, кој веќе го има на неколку локации низ земјава. Договорот предвидува изградба на шопинг центар на површина од 10 илјади квадратни метри, што е уште една благодет која ние им ја овозможуваме на охриѓани“, изјави градоначалникот, посочувајќи дека е задоволен од сето она што се постигна и што денес го гледа.

увид Бакрачески 8

При денешната обиколка на градоначалникот, беа разгледани и реконструкцијата на тротоарите и дрворедите на булеварот „Туристичка“, кои се веќе во завршна фаза.

увид Бакрачески 2

„Изградена е и реконструирана дел од атмосферската, фекалната канализација, изградени се велосипедски патеки и во овој момент се работи на подготовка на металните огради околу дрвата и пото според препораките на оние кои се занимаваат со хортикултура ќе бидат посадени нови дрвореди. Тоа ќе се случи на крајот на октомври“, додаде градоначалникот.

Останатиот дел од овој булевар е готов, на потегот од музичкото училиште до населбата „Бејбунар“.

увид Бакрачески 5

Градоначалникот информираше и за реконструкцијата на тротоарите на улицата „Гоце Делчев“, кои, како што рече, се прават после цели 40 години, со цел да им се овозможи на жителите од населбата Воска безбедно да се движат по оваа улица.

увид Бакрачески 6

„Гледате дека и во завршниот дел од мандатот оваа Локална самоуправа и овој состав, се максимално сконцентрирани на работата и покажуваат максимална посветеност дури и на крајот од својот мандат.

увид Бакрачески 9

Се надевам дека во иднина ќе дојдат состави на Локалната кои можеби приближно или можеби потодбро ќе работат од овој состав. Би сакал секој кој ќе дојде после нас да биде подобар градоначалник, бидејќи Охрид го заслужува тоа“, рече градоначалникот Бакрачески.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk