СДСМ: Неспособноста на ДПМНЕ се гледа во секое јавно претпријатие

Оттаму го потсетуваат Симоноски дека „токму во времето ДПМНЕ, ЈП „Охридски Комуналец“ се задолжи со рамковен кредит кој поради нивната неспособност и лошо менаџирање, СДСМ и тогашната власт мораа да го репрограмираат тој кредит“.

Веројатно како што им се ближи денот кога ќе ја загубат локалната власт, од ДПМНЕ се повеќе се губат во сопствените лаги. Се чини најзбунет од сите во редовите на ДПМНЕ е директорот на ЈП „Градски гробишта“, Зоран Симоноски. Во неговото вчерашно излагање, покрај редовните жалопојки, овој човек се дрзна да зборува за некакво физичко и психичко малтретирање на вработени во јавните претпријатија кога на власт беше СДСМ, реагираат од партијата СДСМ на вчерашниот прес на Зоран Симоноски.

„По се изгледа, Симоноски доби инспирација за вакви говори откако пред само месец дена Основниот суд од Охрид му изрече пресуда за сторено психичко малтретирање и мобинг врз негов вработен во ЈП „Градски гробишта“. Се чини свежи му се сеќавањата на Симоноски за тоа како во период од неколку години, се изживувал врз вработениот, за што конечно и правдата го стигнала на 11ти септември 2017та кога судот пресудил дека Симоноски психички го вознемирувал својот вработен и за што треба да плати и парична оштета“, велат од СДСМ.

Оттаму го потсетуваат Симоноски дека „токму во времето ДПМНЕ, ЈП „Охридски Комуналец“ се задолжи со рамковен кредит кој поради нивната неспособност и лошо менаџирање, СДСМ и тогашната власт мораа да го репрограмираат тој кредит“.

Според СДСМ, неспособноста на сегашната власт се гледала во секое јавно претпријатие.

„И во „Проаква“ каде менаџер е човекот кој го направи најголемото задолжување во ова јавно претпријатие. Се гледа и во „Комуналец“ каде си играа инженери, па нови возила ги расипуваа уште пред да ги стават во функција. Катастрофалното менаџирање е очигледно и во ЈП „Градски пазар“ кои распослаа тезги низ цел град и им наплаќаат на тезгаџиите пари за услови под секакво достоинство и стандард. Никој веќе не го споменува ниту Авто пазарот каде еден вработен, неколку години чува еден, единствен автомобил. А што се однесува до „Нискоградба“, нема потреба да стравуваат од ДПМНЕ, бидејќи по 15ти октомври, менаџирањето со ова, и останатите јавни претпријатија ќе го преземат способни и реализирани луѓе кои ќе ги извадат претпријатијата од калта во која ги турна ДПМНЕ и од нив ќе направат високодоходовни субјекти“, се додава во партиската реакција на СДСМ.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk