Тилевски најави рехабилитација на колекторот, пречистителни станици и марина

Тој најави рехабилитација, реконструкција и доградба на канализациона мрежа за собирање на отпадните во охридскиот регион.

Уредувањето на просторот и негово планирање во дослух со граѓаните креира пософистициран лик на Општината и овозможува нејзино правилно просторно искористување. Одиме напред. Градиме, градиме, градиме, изјави денеска од Охрид д-р Митко Тилевски, кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи неколку нови проекти за Охрид: рехабилитација и надградба на колекторски систем, изградба на пречистителна станица и фекална канализација во Трпејца, изградба на канализациона мрежа и пречистителна станица за отпадни води во Трпејца, Општина Охрид.

„Започната е реализацја на проектот за изградба на фекална канализациона мрежа и станица за третман на отпадните води во Трпејца, Општина Охрид. Основната функција на проектот е од една страна спреведување на адеклватно прибирање на отпадните води од домаќинсствата и транспортирање на отпадните води до пречистителната станица, додека пак од друга страна заштита на Охридското Езеро со флората и фауната која ја поседува. Согласно местоположбата на Трпејца, ќе се изгради посебна пречистителна станица и канализациона мрежа со цел да се надмине промлемот на третирањето на отпадните води“, рече Тилевски.

Тој најави рехабилитација, реконструкција и доградба на канализациона мрежа за собирање на отпадните во охридскиот регион.

„Со цел заштита на водите во Охридското Езеро, изготвена е студија на изводливост од врвни експерти и утврдени се приоритетни активности. Согласно утврдената динамика на приоритетност, ќе се преземат активности за изградба на резервоар за првично собирање на отпадните води на брегот на езерото и ќе се создадат услови за почеток на санација на првичните 31 км од канализационата мрежа на примарниот колекторски систем воведувајќи нова технологија, без ископ“, рече Тилевски.

Ја вети и надградбата на пречистителната станица за отпадни води во Враништа и проширување на колекторскиот систем за Охридското Езеро.

„Проектот ќе овозможи надградба на постојната пречистителна станица за отпадни води во Враништа и ќе помогне да се прошири канализациониот систем за собирање на отпадни води околу Охридското Езеро. Овој проект ќе придонесе за зголемување на капацитетот за прочистување на отпадни води и поефикасна работа на постојната пречистителна станица со што ќе се овозможи поинтегрална заштита на Охридското Езеро. Подготвена е проектна документација за надградба на пречистителна станица за отпадни води во Враништа, проширување на колекторскиот систем на Охридското Езеро и одвојување на фекална и атмосферска канализација за градовите Охрид и Струга“, рече Тилевски.

Во новата програма предвидена е и изградба на марина, за, како што рече кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, да се задоволат потребите за сидрење на бродови и рекреативни пловни објекти и да се пресретнат потребите од зголемен број пловни објекти во иднина се предвидува изградба на нова марина со најсовремена инфраструктура која ќе овозможи сместување на минимум 300 помали пловни објекти како едрилици, глисери, чамци и сл. 10 бродови и осовременување на пристапите за бродови и зголемување на просторот за нивно маневрирање.

„Марината ќе биде комплекс кој ќе има и останати содржини како ресторан, продавница за наутичка опрема, сервис за пловила, бензиска пумпа, паркиралиште за возила и приколки, административен дел и магацински простор. Се надеваме на искрена соработка од Владата на РМ за реализација на овој проект“, посочи Тилевски, кој вети и ревитализација на Студенчишкото Блато, уредување на плажи, плажа за инвалидизирани лица со посебна рампа за влегување во езерото, проект за финансирање на кампањи за почист град, за подигање на свест, за чување на општествени добра, за заштита на човекова околина, како и имплементирање на мали инфраструктурни проекти за локалните заедници во насока на заштита на Езерото.

„Планирано е објавување повик до месните заедници во насока на реализација на мали инфраструктурни проекти кои имаат директно влијание врз заштитата на езерото, а би биле поддржани активности како на пример рационално искористување на природнит ресурси, вовдеување агроеколошпки мерки во земјоделството, мали пречистителни станици и слично“, рече Тилевски.

Со мерката 1:10, предвидено за секое пресечено дрво во централното градско подрачје, пред добивање на Решение од Комисијата за преземање на мерки и активности, за отсранување на дрва на подрачјето на Општина Охрид, а кои претставуваат опасност по имотот и животот на граѓаните, да се задолжи барателот да обезбеди и да засади 10 нови дрвца.

Во новата програма Тилевски вети и уредување на просторот околу вулканот Косел, реконструкција на речното корито на реката Сушица и одбелжување на значајни еколошки датуми, со што ќе се придонесе кон подигање на свеста за зачувување и заштита на животната средина на локалната заедница.

„Заедно можеме да го направиме нашиот Охрид уште по препознатливо место и туристичка дестинација. 13 за работа, сигурност и напредок. 13 за проекти мерки и дела за охриѓани. 13 за нова визија за Охрид и продолжување на светлата иднина на Охрид на чело со советниците од редовите на ВМРО-ДМПНЕ и новиот градоначалник. Имам визија За Охрид, имам тим околу мене со полн капацитет, и затоа нека бројот 13 биде единствениот избор за вистинскиот сјај на Охрид! Затоа велиме бројот 13 за секогаш охриѓани, секогаш работа, секогаш Охрид“, рече д-р Митко Тилевски, кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk