Трајкоски: Ја барам Вашата доверба за да ја направиме Дебрца поразвиена

„Дебрца тоа го заслужува. Заедно ќе успееме на 15 отомври, само уште неколку часови до она што значи континуитет на преродбеничка Дебрца“, изјави Трајкоски.

Низ сиот изборен циклус се обидовме до Вас да ја доближиме и презентираме програмата на ВМРО-ДПМНЕ за локалниве избори. Во очи на изборниот молк би сакал од вас да ги согледате проектите кои ги остваривме во текот на изминативе четири години како и проектите кои ќе ги спроведиме понатаму. Пред вас нека стојат фотографиите и размислите за тоа каква општина беше Дебрца пред само четири години и каква е денес, а според програмата каква ќе биде во иднина. Ние го бараме вашиот глас бидејќи тој е двигател за понатамошна работа во општина Дебрца. Без вашата доверба не би можело да се реализира ниту еден проект. Ова денеска го истакна Игор Трајкоски, кандидат за градоначалник на Општина Дебрца на неговиот завршен прес во изборната кампања.

Тој им порача на жителите на Дебрца добро да размислат за секоја област, за секој сегмент во општина Дебрца и на тој начин ќе согледаат дека нивната работа била сестрана и исполнителна.

„Знаеме дека секогаш постои можноста повеќе и подобро и кон тоа се стремиме и ќе се стремиме, никогаш не сме размислувале за помалку туку за повеќе, за подобра општина за подобро утре. Секогаш тоа сме го постигнувале со работа и затоа денес можеме пред вас да стоиме и да зборуваме со непобитни факти. Секаде каде што е потребен проект кој треба да се реализира ќе го направиме, тоа е наша должност. Но за да се спроведе сето тоа и во интерес на продолжување и започнување на нови проекти во Општина Дебрца ја барам повторно Вашата доверба, бидејќи на тој начин заедно сплотени ќе ја направиме Дебрца поразвиена. Дебрца тоа го заслужува. Заедно ќе успееме на 15 отомври, само уште неколку часови до она што значи континуитет на преродбеничка Дебрца“, изјави Трајкоски.

Тој ги повика сите масовно на 15 октомври во недела да излезат во што поголем број и да ја поддржат ВМРО-ДПМНЕ, да ја дадете поддршката за него како повторен градоначалник на Општина Дебрца и за листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ со носителот Моника Мацеска, бидејќи како што рече, тоа е вистинската комбинација за успех и успешна Општина Дебрца.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk