На трибина организирана од ПОПГМ ќе се дискутира за грижата за пензионерите

Претседателот на Партијата на обединетите пензионери и грагани на Македонија, пратеникот–генерал Илија Николовски, попладнево со почеток во 17 часот, во просториите на Општинскиот огранок на партијата, Мини базар „Гранит”, на булевар „Туристичка“, наспроти ОУ „Григор Прличев”, ќе има средба со новинарите на тема: Грижата за популацијата од „третото доба“– состојби и можни решенија”.

„Од 2004 година, надлежноста околу грижата премина на општините. Поминаа неколку генерации, промени на градоначалници, но не се најде ниту еден јунак, да отвори барем еден дом за стари лица во земјата. Во Охрид се најавуваше дом-хотел, додека старите лица сеуште сесместуваат во Геријатриското оделение на Општата болница. Дом и Геријатрија – не е исто“, потенцираат од партијата.

Оттаму, додаваат дека на лугето од т.н. „трето доба”, не треба да се гледа само како на индивидуи.

„Тоа се главно пензионерите, чиј број изнесува нешто под 300 илјади. Затоа што не треба да се заборави дека, кај добар дел- на издршката на едниот партнер во семејството се потпира и другиот партнер, а уште е поголем бројот на синовите, ќерките и внуците. Така што, реално, бројот на жителите, кои на еден или друг начин, се зависни од една пензија, е поголем барем за уште 200.000, што значи популација од половина милион жители“, велат од партијата на обединети пензионери.

За овие и слични прашања ќе говори претседателот на Партијата на обединетите пензионери и грагани на Македонија, пратеникот– генерал Илија Николовски.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk