Нашата визија ќе донесе просперитет за Охрид, порача Тилевски

Овој град, посочи, му припаѓа на охриѓани. Вие сте тие што ќе донесете одлука и го имате последниот збор за нашиот град.

Продолжуваме да ја следиме нашата патека, со ваша целосна поддршка, со истатата љубов и посветеност како првиот ден. Искрено верувам дека изборите на 15 октомври ќе завршат со најдобрите резултати за охриѓани. Нашите сограѓани ќе добијат соодветни услуги, услуги какви што заслужуваат. Работа за сите, економски пораст и развој на Охрид, создавање нови работни места и намалување на стапката на невработеност и унапредување на туризмот и меѓународна соработка на градот, ова го порача на завршниот прес, д-р Митко Тилевски, кандидат за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние сме луѓе од збор. Тоа што го мислиме, го зборуваме, и го правиме. Ние ги исполнуваме нашите ветувања. Рамо до рамо со сите Вас од сите места на Охрид, Македонци, Турци, Срби, Албанци, Роми, Египќани, Власи и сите други, наша доблест е што ги слушнавме Вашите препораки. Затропавме на секоја врата, се ракувавме со секого, се соживеавме со сечиј живот и со сечие срце, со секоја мака и потреба“, рече Тилевски.

Овој град, посочи, му припаѓа на охриѓани. Вие сте тие што ќе донесете одлука и го имате последниот збор за нашиот град.

„Нашата најважна цел е да ги реализираме идеите, волјата на граѓаните и нашите заеднички соништа. Работиме само за таа цел. Бидејќи сме тука да Ви служиме, ние сме во ваша служба. Вие многу добро знаете, кој обезбедува услуги и работа, а кој само зборува напразно, кој ги исполнува своите ветувања, а кој ги заборава своите ветувања, чии ветувања се реални, а чии ветувања се бесмислени“, изјави Тилевски, додавајќи дека гордо стои пред охриѓани, а неговото срце чука со илјадници срца за подобро утре.

Вие ме знаете, рече тој, ние се познаваме и знаете дека ќе создадеме уште повеќе за нас, за Охрид.

„Имавте можност во сите јавни настапи да се уверите во позитивните вредности што ги промовиравме низ целиот овој период на предизборната кампања. Одговорноста кон граѓаните и својот град е најголема. Ние сме тие што градиме, ние сме тие што се грижиме за идните генерации. Ги слушнавме идеите и заедно тие се нашата визија која преку цели и задачи ќе ја остваруваме за Охрид во новата ера, кон посветла иднина во сиот негов сјај“, рече Тилевски.

Тој до охриѓани испрати порака, пред самиот чин на гласање:

„Имаме подготвено визија и план за следниот период, да содадеме дополнителни и подобри услуги за нашиот град. Нашата визија и план ќе донесат просперитет за Охрид. Воден од позитивната енергија, работа и посветеност секогаш со чесност, хуманост, семејни вредности, единство, остваруваме проекти, верба и јасна програма“.

Оценката и одлуката остануваат на охриѓани, рече Тилевски.

„Во вашите срца нека биде запечатено достоинството. Позитивната порака нека се слуша… Бидете со нас во оваа пресудна и историска трка за Охрид. Вие го заслужувате Охрид – Охрид Ве заслужува вас, посочи Тилевски“, кој ги повика сите граѓани масовно да излезете на своите избирачки места и на фер и достоинствен начин да го дадат својот глас.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk