Завршен митинг на СДСМ во Охрид, Стојаноски вети живот за сите

Потенцираше дека ќе се иницираат научни студии за спас на Студеничкото блато, за чисто езеро и чисти реки и за геотермалните води во Косел, како и дека ќе се изготви студиозна и одржлива стратегија за развој на Охрид како брендирана светска туристичка дестинација.

Приспособување на целата постојна урбана и рурална инфраструктура да биде во функција на потребите на граѓаните, градење одговорно, квалитетно и домаќински за секој граѓанин да добие решение кое ќе му го подобри животот во неговата средина, намалување на разликите помеѓу градските и селските средини, обезбедување чиста и здрава вода за пиење и чист воздух за сите и повеќе пари за општините, а со тоа и повеќе можности и повеќе пари за секој граѓанин на локално ниво.

Овие проекти ги вети проф. д-р Јован Стојаноски, кандидат за градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ, на вечерашниот завршен митинг на Коалицијата предводена од СДСМ.

Стојаноски најави и четири спортски сали, младински културен центар и Дом за стари лица, како и нов и современ здравствен дом на местото на сегашната Маларична.

„Ќе направиме доградби, проширувања и модернизација на постојните објекти од Детската градинка, а со тоа ќе го зголемиме опфатотот и ќе го подобриме квалитетот на претшколската дејност. Ќе изградиме катна гаража во централното градско подрачје. Ќе отвориме откупно-дистибутивен центар за земјоделски производи и финансиски ќе го помогнеме оранжериското производство. Ќе го модернизираме спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“ и севкупно ќе го помогнеме развојот на спортот во нашиот град“, порача кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ.

Потенцираше дека ќе се иницираат научни студии за спас на Студеничкото блато, за чисто езеро и чисти реки и за геотермалните води во Косел, како и дека ќе се изготви студиозна и одржлива стратегија за развој на Охрид како брендирана светска туристичка дестинација.

Носителот на кандидатската листа за советници д-р Константин Георгиески порача дека овие избори се важни за заедничката иднина.

„Ни треба континуирано подобрување на инфраструктурата, рамномерен економски развој, работни места, повисоки плати,квалитетно образование,здрав и квалитетен начин на живеење. Ни требаат многу нешта за да ја вратиме изгубената насмевка на лицата на граѓаните и вербата за нов живот. Верувајте, имаме визија и знаеме како да донесеме живот во Охрид и Република Македонија“, рече Георгиески.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk