Пецаков: ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати посилно од кога и да е

„Да сте ми живи и здрави! Ви благодарам на сите за поддршката, му благодарам на секој еден член на ВМРО ДПМНЕ ОК ОХРИД, на секој претседател на МК, на секој член на ОИШ за овие избори и на секој наш симпатизер и гласач на овие избори…“

Ова го напиша претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид д-р Кирил Пецаков по синоќешното објавување на резултатите од локалните избори и прогласувањето на победата на кандидатот од СДСМ проф. д-р Јован Стојаноски.

„По природата на нештата посебно од политички аспект едни доаѓаат други заминуваат!! Ама…ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати посилно од кога и да е! Од утре почнуваме со работа“, додаде Пецаков.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk