Вака ќе изгледа новиот состав на Советот на Општина Охрид

Напомена: Пресметката е направена според првичните резултати за освоените гласови на советничките листи во Општина Охрид, објавени на сајтот на ДИК.

Според првичните информации кои се објавени на сајтот на Државната изборна комисија, на гласањето за советнички листи, советничката листа предводена од СДСМ освоила 15.198 гласа, листата на ВМРО-ДПМНЕ 12.871, на Коалицијата ДУИ/БЕСА/Алијанса за Албанците 2.643, а на групата избирачи Љупчо Настоски 1.180 гласа.

Ако овие гласови се поделат според Донтовиот метод, во новиот состав на градскиот совет во Охрид, Коалицијата предводена од СДСМ ќе добие 11 советнички места. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата се изборија за 10 градски избраници, додека Коалицијата ДУИ/БЕСА и Алијанса за Албанците добиваат двајца советници.

Пресметката е направена според Донтовиот метод: вкупниот број гласови што ќе ги добие секоја партиска листа поединечно се дели со 1, потоа со 2, со 3, со 4, и сè така до крајниот број на кандидати што треба да бидат избрани во одредена изборна единица (во случајот со Охрид бројот е 23). Добиените изборни количници се подредуваат по големина, а најголемите броеви се мандатите што ги добиле соодветните листи.

Изборниците количници за СДСМ: 15.198 (1), 7.599 (2), 5.066 (3), 3.799 (4), 3.039 (5), 2.533 (6), 2.171 (7), 1.899 (8), 1.688 (9), 1.519 (10) и 1.381 (11).

Изборни количници за ВМРО-ДПМНЕ: 12.871 (1), 6.435 (2), 4.290 (3), 3.217 (4), 2.574 (5), 2.145 (6), 1.838 (7), 1.608 (8), 1.430 (9) и 1.287 (10).

Изборни количници за ДУИ/БЕСА/Алијанса за Албанците: 2.643 (1) и 1.321 (2).

Напомена: Пресметката е направена според првичните резултати за освоените гласови на советничките листи во Општина Охрид, објавени на сајтот на ДИК.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk