Целосна листа на 23-те избраници во Советот на Општина Охрид

Прочитајте ги имињата на 23-те советници кои ќе бидат дел од новиот состав на Советот на Општина Охрид.

По четири и пол години мандат, Советот на Општина Охрид ќе добие нов состав.

Коалицијата предводена од СДСМ во новиот Совет ќе има 11 советници, Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе добие 10, додека Коалицијата ДУИ/БЕСА/Алијанса на Албанците ќе има два советници.

Советници од СДСМ и Коалицијата ќе бидат: д-р Константин Георгиески, Живка Ангелоска, Мишел Силјаноски, Сашо Ставрески, Елеонора Куноска, Бесим Демиров, Џенгиз Реџеп, Марија Попоска, Филип Јовановски, Рената Арнаудова и Ристе Булоски.

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде застапена од страна на: д-р Кирил Пецаков, д-р Гордана Коњановска, д-р Снежана Стефаноска, Илија Арнаудоски, Гоце Георгиески, Лидија Петкоска, Александар Попоски, д-р Славица Петровска, Џанер Исмаил и Дејан Шикоски. Коњановска, Арнаудоски и Петровска беа дел и од претходниот советнички состав.

Коалицијата ДУИ/БЕСА/Алијанса на Албанците ќе ја претставуваат Нефи Усеини и Џенал Мена.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk