ФОТО: Одбележан патронатот на ОУТУ „Ванчо Питошески“

Со положување свежо цвеќе пред споменикот, историски осврт за ликот и делото на Ванчо Питошески, како и свечен коктел со различна гастрономска понуда подготвен и послужен од страна на учениците под менторство на стручните професори, ОУТУ „Ванчо Питошески“, вчера го одбележа својот патронен празник.

Во рамките на одбележувањето на празникот имаше презентација на наградените трудови на учениците од одржаните натпревари, организирање спортски игри како и хуманитарна акција.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk