Бакрачески: Охриѓани да му помогнат на Стојаноски успешно да го води градот

Тој официјално му ја честиташе победата на Стојаноски и му посака успешна реализација на безброј проекти, корисни за граѓаните на Охрид и успешно справување со предизвиците и проблемите на овој град.

Сите охриѓани да се вложат себеси, да смогнат сили и да му помогнат на новиот градоначалник успешно да ги спроведе ветувањата кои ги дал пред граѓаните, со цел градоначалникот успешно да го води градот кон една подобра иднина за охриѓани и кон едно посветло утре.

Ваква порака на денешната заедничка прес конференција му упати доскоршениот градоначалник на Општина Охрид д-р Никола Бакрачески на неговиот наследник и нов градоначалник на Охрид проф. д-р Јован Стојаноски.

„Денес завршува еден мандат и почнува. Завршува за мене, а почнува за новиот градоначалник на Охрид, господинот Јован Стојаноски. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на сите охриѓани коишто во сите овие четири и пол години ми ја дадоа довербата и беа со мене. Сакам да ги уверам дека Охрид е навистина неизмерна вредност за чие негување и унапредување вреди да се вложи секој еден од нас“, рече Бакрачески.

Тој официјално му ја честиташе победата на Стојаноски и му посака успешна реализација на безброј проекти, корисни за граѓаните на Охрид и успешно справување со предизвиците и проблемите на овој град.

Бакрачески потсети дека со Стојаноски се иста генерација (1970), во школските клупи се заедно од прво одделение, а меѓусебно другарувале и како средношколци во охридската гимназија.

„Не се сомневам дека тој е личност која ќе знае како да ги менаџира проблемите и предизвиците на градот Охрид и знам дека ќе испорача голем дел на проекти, односно голем број на проекти за доброто на охриѓани и градот Охрид“, заклучи досегашниот градоначалник на Охрид д-р Никола Бакрачески.

ОХРИД 24                                                                                                                                   П.Д.

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk