Стојаноски: Ќе бидам градоначалник на сите граѓани на Охрид

Стојаноски упати благодарност за сите работи кои ги направил неговиот претходник, градоначалникот д-р Никола Бакрачески и рече дека „како луѓе секогаш треба да гледаме на позитивните работи и секогаш треба да ги надоградуваме работите коишто нашите претходници ги направиле“.

Честитки за досегашната работа на градоначалникот Никола Бакрачески и уверување дека Охрид ќе оди во позитивен правец на развој. Ова го истакна новоизбраниот градоначалник на Охрид д-р Јован Стојаноски, на денешната заедничка прес конференција со доскорешниот градоначалник д-р Никола Бакрачески.

„Посакувам Охрид да оди во еден позитивен правец, да го добива се повеќе и повеќе она што го заслужува како бисер на Балканот. Посакувам граѓаните да бидат трпеливи од една страна, но и упорни од друга во своите барања, меѓутоа во основа да бидат трпеливи, да знаат дека не одат секогаш работите како што очекуваат: брзо и едноставно, сепак сме општина која има одредени проблеми, меѓутоа позитивно како човек се надевам дека во слендиот период ќе ги решаваме сите проблеми, ќе постигнеме развој за нашиот град, ќе постигнеме она коешто сите во државата го очекуваат, да Охрид стане престолнина на Република Македонија“, рече Стојаноски во неговото прво официјално обраќање пред јавноста како градоначалник на Општина Охрид.

Стојаноски упати благодарност за сите работи кои ги направил неговиот претходник, градоначалникот д-р Никола Бакрачески и рече дека „како луѓе секогаш треба да гледаме на позитивните работи и секогаш треба да ги надоградуваме работите коишто нашите претходници ги направиле“.

„На Бакрачески му посакувам да има добро здравје и својата и досега успешна кариера да ја продолжи и во животот, му посакувам секое добро и на личен и на професионален план“, рече Стојаноски, кој изрази надеж дека ќе има одлична соработка со општинската администрацијаво, со цел остварување на проектите и тековните програми. Не очекуваат предизвици во наредната година, нови буџетски програми.

„Ќе бидам градоначалник на сите граѓани и заедно да се трудиме Општина Охрид да го постигне очекуваниот развој“, рече новиот градоначалник на Охрид Јован Стојаноски.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk