Во ОУТУ „Ванчо Питошески“ се одржа хуманитарна акција на која се донираа прехрамбени продукти

Под мотото „Од децата – за децата“ во ОУТУ „Ванчо Питошески“ се спроведе хуманитарна акција за помош на децата од социјално најзагрозените семејства во општина Охрид, со што се одбележа Неделата на борба против гладта (16-22 октомври).

„Целта беше да се поттикне хуманоста кај младите и преку конкретни дела да се покаже солидарноста и грижата за нашите сограѓани и деца кои живеат во тешки социо-економски услови и секојдневно имаат проблеми како да се прехранат“, велат од училиштето.

Невидливи, стопени од сиромаштија стотина, илјада луѓе не знаат дали денес ќе јадат. Тажно е што деца, пензионери, напуштени и осамени денеска во Македонија ќе немаат ниту еден оброк, а зборот глад сe почесто се слуша во јавноста. Стотици граѓани со години имаат само еден топол оброк во народните кујни.

По тој повод, од ОУТУ „Ванчо Питошески“ упатија апел на хуманост во рамките на можностите да се донираат прехранбени продукти кои се со подолг рок на траење (конзервирана храна, тестенини, брашно, средства за лична хигиена…). Во соработка со Црвен крст беа донирани на лицата кои имаат најголема потреба од нив.

 

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk