Категории
Нови 8,5 милијарди евра за старите долгови на Грција
петок, 16 јуни 2017 Свет

Министрите за финансии од Еврогрупата, на состанокот во Луксембург на кој присуствуваше и директорката на ММФ Кристин Лагард, постигнаа договор на Грција да и дадат нов заем од 8,5 милијарди евра.

Грција

По состанокот Кристин Лагард изјавила дека на ММФ ќе му предложи, заедно со еврозоната да учествува во планот за помош на Грција.

Грција идниот месец треба да исплати над седум милијради евра врз основа на стари кредити, поради што и е неопходна меѓунардона помош. Грција е во процес на спроведување реформи како услов за натамошна помош од европските кредитори.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail
Comments are closed
***