Трамп: Најголем лов на вештерки во историјата

„Сведоци сме на најголемиот лов на вештерки во американската политичка историја, кој ја предводат многу лоши и контроверзни луѓе”, напиша Трамп.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека граѓаните се сведоци на „најголемиот лов на вештерки во американската историја.”

Доналд Трамп

Трамп на Твитер не појасни поточно на што мисли, но често истрагата за можните врски на луѓето блиски до неговата кампања со Русија ја нарекуваше „лов на вештерки”.

твит за вештерки

„Сведоци сме на најголемиот лов на вештерки во американската политичка историја, кој ја предводат многу лоши и контроверзни луѓе”, напиша Трамп.

Трамп и порано, како и денеска, на Твитер напиша дека е „лажна приказна“ она што се наведува во новиот извештај дека по сменувањето на директорот на ФБИ, Џејмс Коми, тој може да се најде под истрага од страна на специјалниот советник Роберт Мулер, поради попречување на истрагата.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk