Од куќа во Струга запленил накит и 3.200 евра

На 11.10.2017 година во 20:36 часот во Полициската станица Струга, А.А. пријавил дека на ул .„Маршал Тито“, во куќата сопственост на неговиот татко Ш.А. (61), истиот ден во периодот од 18:00 до 20:00 часот, непознат сторител извршил тешка кражба.

Сторителот насилно отворил еден од прозорците, влегол внатре и одзел 3.000 евра, 12.000 денари и разновиден златен накит, по што го напуштил местото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

OХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk