Тилевски вети субвенции за патните трошоци на просветарите и градба на Центар за бездомници

Посочи дека во неговата програма се предвидени и стипендии за талентирани студенти, средношколци и основци, стипендирање на социјални категории на студенти, средношколци, основци, но и субвенционирање на курсеви по информатика за возрасни и посебни категории.

Подобар стандард на луѓето, дополнителни нови работни места и приход, подобрување на квалитетот на животот на населението е приоритетот на идната локална самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Општината ќе тежнее кон заложби за економски развој на Охрид и проширување на активностите преку ефикасно користење и распределба на ресурсите за одржлив економски пораст. Ова денеска од пред општинската зграда го најави д-р Митко Тилевски, кандидат за градоначални на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ.

Првичната цел, најави тој, е помош на охриѓани за подобрување на својата социјална и економска положба, квалитетот на живеење според европските и светските стандарди.

Тилевски

„Затоа пристапуваме со низа нови проекти: субвенционирање на дел од патните трошоци на просветните работници кои патуваат од град во село и обратно до своето работно место. Со оваа мерка се субвенционираат дел од патните трошоци на просветните работници кои патуваат од град во село и обратно до своето работно место. Исплатата од страна на Општина Охрид врз основа на Заклучок донесен од страна на Комисијата за финансии и буџет при Советот на Општина Охрид“, изјави Тилевски.

Тој најави и можност за субвенционирање на граѓани со над 50 години при самовработување во социјални активности.

„Проектот има за цел субвенционирано вработување на одредени категории на граѓани кои потешко наоѓаат работа, а посебно повозрасната категорија на граѓани со над 50 години. Истовремено со проектот се помага и она онаа категорија граѓани кои се во тешка социјална состојба и имаат потреба од услуги од типот на чување на деца и на стари и изнемоштени луѓе. Проектот во основа има цел поврзување на овие две категории на граѓани“, истакна Тилевски.

Посочи дека во неговата програма се предвидени и стипендии за талентирани студенти, средношколци и основци, стипендирање на социјални категории на студенти, средношколци, основци, но и субвенционирање на курсеви по информатика за возрасни и посебни категории.

„Со субвенционирање на овие курсеви, Општина Охрид директно придонесува во докфалификација на пазарот на трудот, нудејќи отворена можност за секој кој има желба да го награди своето знаење со цел да биде поконкурентен на пазарот и да го подобри својот деловен профил“, рече Тилевски.

Кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ рече дека ќе се реализираат и ИКТ-обуки за основни вештини за практично работење со компјутер и интернет (Word, Excel, PowerPoint, Outlook, Skype)

На денешниот прес беше најавено и формирање на претриемачки инкубатор за нови бизниси за млади лица.

„Со овој проект се предвидува формирање на претприемнички инкубатор за почетници, со што би се овозможило изнајмување на простории со повластени цени, располагање со деловна инфрастуктура, интелектуални и деловни услуги, како и советодавна поддршка за успешен развој на своите идеи и бизнис. Истовремено би се добивале и техничка поддршка во насока на развој, сметководствени и маркетиншки услуги и програми за едукација и советодавна помош со цел изнаоѓање на финансиски средства преку национални и меѓународни проекти“, рече Тилевски.

Во неговата програма се предвидени и субвенции на комунални трошоци за ранливи категории граѓани, субвенционирање за купување велосипед, проекти за општокорисна работа преку секторот за туризам и локален економски развој, а беше ветено и изградба на Центар за бездомници.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk