Со концертот на Бијело дугме се заокружува второто издание на Ohrid calling

Ова е прв open air концерт на најголемиот и најуспешен балкански музички бенд и бренд на сите времиња, после навистина долго време.

Со концертот на милениците на сите генерации, култната балканска група „Бијело дугме“, вечерва на стадионот „Билјанини извори“ ќе се заокружи второто издание на музичкиот фестивал „Ohrid calling“, кој заеднички го организираат Авалон продукција и Општина Охрид.

Бијело Дугме

Горан Бреговиќ, Младен Војичиќ-Тифа и Ален Исламовиќ, повторно се враќаат во Македонија, овој пат на голем open air концерт во Охрид.

Ова е прв open air концерт на најголемиот и најуспешен балкански музички бенд и бренд на сите времиња, после навистина долго време.

Концертот ќе биде продукциски на ниво на светските концерти, по сите светски стандарди, ќе трае повеќе од два и пол часа, а ќе започне во 22:30 часот

Претходниве денови, на 1 и 2 август, на Ohrid calling настапија светски познатите диџеи Afrojack и Hardwell.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk