Познат идентитетот на лицето кое се удави кај „Свети Стефан“

Медицинска екипа од Итната медицинска помош од Охрид, констатирала смрт, а на телото на починатиот не се забележани траги на насилство.

СВР Охрид излезе со детални информации за вчерашниот несреќен случај кога околу 15, 30 часот во водите на почетокот на плажата „Фиеста“ во туристичкиот комплекс „Св.Стефан“, беше откриено безживотно машко тело.

плажи 2

„По извршениот увид на местото на настанот предводен од јавен обвинител и полициски екипи, констатирано е дека се работи за лицето Божидар О. (80) од Прилеп. Тој, според првичните сознанија, имал одредени здравствени проблеми, а смртта настапила при неговото влегување во вода“, информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Медицинска екипа од Итната медицинска помош од Охрид, констатирала смрт, а на телото на починатиот не се забележани траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk