Македонија го интензивира вмрежувањето со туристичкиот сектор во Британија

Можноста за промоција овозможена од Travel Weekly значеше презентација на Македонија пред строго селектирана публика, но и наградна игра во која туристичката агенција „Компас“ од Скопје додели викенд во Македонија, со цел подобро запознавање на земјава.

Во организација на популарната англиска групација Travel Weekly, Македонија ги претстави туристичките капацитети и потенцијали на британски тур-оператори и туристички агенти на еднодневен настан – Travel Weekly Destination Showcase.

Travel Weekly Destination Showcase. Photo by Steve Dunlop +447762084057 steve@stevedunlop.com

На овој настан, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија се сретна со повеќе од 80 тур-оператори и туристички работници од Обединетото Кралство, пред кои го презентираше туристичкиот потенцијал на земјава на 15 минутни бизнис средби.

Можноста за промоција овозможена од Travel Weekly значеше презентација на Македонија пред строго селектирана публика, но и наградна игра во која туристичката агенција „Компас“ од Скопје додели викенд во Македонија, со цел подобро запознавање на земјава.

Travel Weekly Destination Showcase. Photo by Steve Dunlop +447762084057 steve@stevedunlop.com

Идеjата на настаните од овој тип на кои учествува Македонија е да се приближи до британската јавност со посредство на престижната групација Travel Weekly, која туристичката индустрија ја анимира – вмрежува и информира преку престижниот магазин, интернет едицијата и бизнис услугите кои ги нуди.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот годинава организира низа настани за промоција на Македонија пред британската јавност, а воедно и брендирање на земјава во Англија како дестинација која може да понуди уникатно искуство.

OХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk