„Делфина турс“ го подготвува теренот за градба на автобуската

Според информациите кои ги има ОХРИД 24, компанијата од неодамна ги завршила потребните урбанистичко-плански документации и веќе има дозвола за градба. 

Дел од просторот на автобуската станица во Охрид веќе неколку дена е ограден од страна на компанијата „Делфина турс“.

%d0%b0%d0%b2%d1%82%d0%be%d0%b1%d1%83%d1%81%d0%ba%d0%b0-1

Од компанијата само кратко бевме известени дека се подготвуваат за градба на автобуската, а повеќе информации ќе може да се добијат во текот на следната недела.

%d0%b0%d0%b2%d1%82%d0%be%d0%b1%d1%83%d1%81%d0%ba%d0%b0-2

Според информациите кои ги има ОХРИД 24, компанијата од неодамна ги завршила потребните урбанистичко-плански документации и веќе има дозвола за градба.

%d0%b0%d0%b2%d1%82%d0%be%d0%b1%d1%83%d1%81%d0%ba%d0%b0-3

Договорот за изградба на современа автобуска станица меѓу Општина Охрид и транспортната компанија „Делфина турс“ од Скопје беше потпишан на 6 мај 2015 година. Од договорот произлегува обврската сопственикот на локацијата во период од две до четири години комплетно да го реализира проектот, односно да ја изгради автобуската станица и да ја стави во функција.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk