ВМРО-ДПМНЕ: СДС сака да го претвори Охрид во бегалски центар

Од партијата велат дека народот знае да препознае кој се грижи за нив и кој ги става како приоритет, а кои да бидат граѓани од втор ред во сопствената држава и токму затоа ќе го поддржат референдумот и ќе бидат против населување и интеграција на мигранти во Охрид.

Од ден на ден сведоци сме дека СДС Охрид го покажува вистинското лице и на виделина излегуваат нивната ароганција и манипулациите со граѓаните. Националната стратегија за интегрирање бегалци и мигранти донесена од Владата на СДС како комплетно нова стратегија бара од Охрид можност за иградба на станбени единици. Денес, советниците од СДС, ВМРО НП, и советникот Дејан Пановски покажаа дека се продолжена рака на врхушката, со тоа што беа воздржани или ја напуштаа седницита на Совет, тие всушност гласаа ЗА населување на мигранти во Охрид, се вели во денешното соопштение испратено од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

штаб-ВМРО-ДПМНЕ

„За ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на Охрид секогаш се пред мигрантите и затоа ќе имаат можност да се произнесат на Референдум. Апелираме проблемот со мигрантите да се реши во нивните земји каде што е настанат. Јавно Ве повикуваме да одговорите: Зошто објектите за сместување на мигрантите кои се ставени во стратегијата се надвор од прогласено кризно подрачје и се наоѓаат во населени места, овде во Охрид?! Охриѓани сакаат да слушнат: Дали интеграцијата на мигранти која се носи во 2017 всушност значи прекин на кризната состојба на крај од 2017 и повлекување на македонската Армија од граница со што по Нова година на мала врата се отвора Коридорот за транзит на мигранти“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека народот знае да препознае кој се грижи за нив и кој ги става како приоритет, а кои да бидат граѓани од втор ред во сопствената држава и токму затоа ќе го поддржат референдумот и ќе бидат против населување и интеграција на мигранти во Охрид.

„СДС Охрид и сличните на нив поради негрижата за граѓаните, конечниот суд ќе го видат на 15 октомври, кога жестоко ќе бидат поразени, а граѓаните уште во првиот круг ќе ја дадат довербата на градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ“, се додава во партиското соопштение.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk