Убавините на Преспа – главен мотив на ликовната колонија кај Подмочани

На работилницата учествуваат 20-тина локални уметници-аматери, а истата е од отворен карактер. Делата од оваа ликовна работилница ќе бидат презентирани на изложба со која ќе започнат активностите на Преспанскиот јаболкобер на 26 септември. 

Прекрасниот планински предел кај Крстот над селото Подмочани, од каде цела Преспа се гледа како на дланка, вчера им беше инспирација за творење и создавање на уметнички дела на учесниците на третата по ред ликовна работилница во организација на Домот на културата „Драги Тозија“ од Ресен.

изложба 1

изложба 2

изложба 3

изложба 4

„Оваа работилница, за нас како организатори има особено значење од повеќе аспекти. Тука ги промовираме и мотивираме да творат пред се локалните уметници, чии дела по завршувањето на работилницата ќе бидат претставени пред јавноста. Другиот значаен момент е што токму со овие дела, поточно со изложбата која ќе се состои од тоа што ќе биде овде создадено, ќе биде отворен годинешниот Преспански јаболкобер. За важноста на оваа манифестација за целата Преспа не треба да се говори и токму затоа мотивот на учесниците да создадат и творат за својата Преспа е уште поголем“, рече директорот на Домот на културата „Драги Тозија“ од Ресен, Васко Василевски.

изложба 5

изложба 6

На работилницата учествуваат 20-тина локални уметници-аматери, а истата е од отворен карактер. Делата од оваа ликовна работилница ќе бидат презентирани на изложба со која ќе започнат активностите на Преспанскиот јаболкобер на 26 септември.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk